Категории

Забавни активности за дождливи денови!

Дождливите денови им се омилени на многумина, а самиот мирис на дожд и тапкањето на капките по прозорците е посебно чувство и доживување.

Овие денови можат да бидат повеќе од забавни.

Во продолжение проследете неколку идеи што можете да ги правите во овие магични моменти:

  • Зграпчете некоја добра книга, обвиткајте се со ќебенце, направете си топол пијалак и уживајте во приказната што следи.
  • Направете си пуканки, направете убава атмосфера и пуштете некој интересен филм.
  • Испробајте нови рецепти и доживејте нови вкусови.
  • Местете сложувалка, на тој начин го вежбате мозокот.
  • Подгответе си топла бања, направете природна маска за вашето лице и ужувајте во негата.
  • Истегнете се, направете некоја вежба, практикувајте јога или медитација.
  • Преуредете го домот и направете некои интересни декорации.