Постојат многу големи разлики помеѓу Кина и западните култури, а тоа лесно се забележува и на глобално и на индивидуално ниво.
Стрип-уметница позната под псевдонимот “Мали очи”, ака Сију, ги преточува тие разлики во уметност која самата ја има доживеано поради тоа што е родена и израсната во Пекинг, но во постојана комуникација со луѓе од САД, Франција и Англија. Преку едноставни линиски цртежи, таа успева да ги долови клучните карактеристики.