Категории

Заборавете на филерите: Доцртајте ги усните со моливче како професионален шминкер

Трик со кој вашите усни ќе изгледаат полни.

Техниката на доцртување на горната усна со моливче не е никаков новитет. Професионалните шминкери децении наназад го користат моливчето за усни за да го подобрат обликот и да ги направат усните полни. Овој тренд е многу популарен меѓу ѕвездите кои редовно ги гледаме на црвениот тепих – од Џенифер Лопез до Кендал Џенер.

Но, ако не се нанесе на прав начин, може да доведе до претеран, вештачки изглед.

Како да знаете кога е доволно?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mary Phillips (@maryphillips)


Користете нијанса на моливче со малку потемна боја од вашата природна веднаш над линијата на усните – за да ги обликувате. И тоа не е сѐ. Две различни нијанси на моливчиња ќе создадат поприроден, пополн изглед. Посветлата нијанса која одговара на тонот на вашите усни – употребете ја за дополнување на просторот од линијата до усните. Ова создава дополнителна димензија, клучна за илузија.

На крај, нанесете кармин или сјај во нијанса која одговара на посветлото моливче.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mary Phillips (@maryphillips)


Доцртувањето на усните со моливче поради ефект на полни усни ќе изгледа најприродно со неутрални нијанси. Но, ако сакате да се обидете со светли и потемни нијанси, држете се до принципот темните нијанси над линијата на усните, светлите во внатрешниот дел со намера да се создаде омбре ефект.

Прегледи:
801
Објавено на:
17.11.2021