Категории

Заборавете на секси долниот веш: Ова парче облека ќе го подобри вашиот сексуален живот!

Истражувањата покажале дека жените кои го носат ова парче облека имаат 80% поголема шанса да доживеат оргазам.

Дали сте знаеле дека облеката во која водите љубов влијае врз квалитетот на сексуалниот однос? А притоа не зборуваме за долниот веш. Имено, едно британско истражување преку техниката на скенирање докажало дека жените имаат 80% поголеми шанси да доживеат оргазам кога за време на сексот носат чорапи, додека шансите се намалуваат на 50% доколку не ги носат.

Тоа е така поради тоа што носењето чорапи го подобрува протокот на крвта и помага при достигнување на оргазам. Секако, за тоа да биде истовремено и секси, облечете убави чорапи од квалитетен материјал и со некоја чипка на нив, за да го возбудите партнерот дополнително.

Прегледи:
753
Објавено на:
25.06.2019