Категории

Зачини кои прават чуда за здравјето и ја прочистуваат плуќата

Бројни студии покажаа дека потрошувачката на одредени видови храна и пијалоци му помага на организмот да се ослободи од штетните материи во организмот. Ова се трите главни зачини кои можат да ги „исчистат“ вашите бели дробови.

Куркума
Студиите покажаа дека овој растителен вид го подобрува чистењето на белите дробови од штетни материи кои се резултат на пушење или живеење во загадено место. Покрај тоа, спречува болести на респираторниот систем. Куркумата традиционално се користи за кари и други индиски јадења, подготовка на ‘златно’ млеко и разни здрави смудија. За да уживате во антиинфламаторните придобивки од куркумата, измешајте ја со малку црн пипер.

Лук
Лукот им дава вкус на многу јадења, но има најмногу лековити својства кога се јаде суров. Сепак, имајте на ум дека поголеми количини лук не се препорачуваат за луѓе кои имаат проблеми со желудникот и варењето на храната. Му се припишуваат и многу лековити својства. Тие го нарекуваат природен антибиотик, средство за отпушување на дишните патишта, моќно растение со антиинфламаторно дејство кое ги потиснува габите и одредени вируси. Содржи алицин, кој ги уништува респираторните инфекции, а многу истражувања покажаа дека тој е ефикасен помагател во расчистувањето на белите дробови од луѓето кои пушат, но и поранешните потрошувачи на тутунски производи.

Ѓумбир
Ѓумбирот содржи многу лековити својства. Го зајакнува имунитетот, го подобрува варењето на храната, ја намалува подуеноста, ги намалува воспалителните процеси во телото и ги отстранува токсините од белите дробови и остатокот од телото, поради што се препорачува за пушачи. Иако овој корен потекнува од Југоисточна Азија, во последниве години, тој се повеќе е присутен на нашиот пазар. Најчесто се користи за правење чај или додавање на здрави пијалоци, а може да се користи и како зачин во солени и слатки јадења. Ѓумбирот е многу моќен. Не треба да јадете повеќе од парче ѓумбир со големина од околу два сантиметри дневно.

Прегледи:
706
Објавено на:
12.01.2021