Категории

Задушница: Денеска не се работи, не се чисти и не се пере

Православните верници денеска ја одбележуваат Задушница или денот на мртвите. Уште изутрината оние што имаат блиски починати ги посетуваат нивните вечни почивалишта. Се пали свеќа и се раздава храна за душата на починатиот.

Се принесува пченица, вино, цреши, а гробот се чисти со оревови гранчиња.

Денеска не се работи, чисти, пере, ниту пак се извршуваат полски работи.

Денешната Задушница уште се вика и Духовден, бидејќи му претходи на големиот црковен празник Симнувањето на Светиот Дух на апостолите – Света Тројца кој уште се нарекува Духови или Педесетница.

Овој ден е посветен на молитва за починатите.

 

Прегледи:
2268
Објавено на:
17.06.2016