Категории

Залепени трепки – ова е новиот тренд

Еден од најнеочекуваните и најпопуларни трендови нa оваа сезона се залепените трепки како “пајакови нозе”. Овој драматичен изглед царуваше на модните ревии на популарните брендови за време на Модниот месец а веќе стана популарен и во секојдневната рутина на шминкањето кај многу дами.
За да се постигне овој изглед потребно е маскарата да е нанесена во неколку слоеви повеќе од вообичаеното и протоа да се избегне расчешлувањето на влакната. Овој начин дава изглед на вештачки трепки, а најбитно е да се комбинира со минимална шминка така што на очите да не се нанесуваат никакви сенки додека на образитен и усните да преовладуваат нежни розови тонови.

Прегледи:
370
Објавено на:
29.11.2016