Категории

Замрзнато езеро почна да се користи како аеродромска писта

(ВИДЕО) Поради силната зима на североистокот на САД, замрзнатото езеро Винипесоки е претворено во писта годинава, објавија властите на американската сојузна држава Нов Хемпшир.

Езерото, кое е долго околу 800 метри, може да послужи како писта, под услов мразот да е дебел најмалку 30 сантиметри, изјави неименуван службеник на единствениот леден аеродром што има дозвола од Федералната управа за воздухопловство на САД.

Ледено езеро се користи само ако дебелината на мразот е рамномерно 30 сантиметри.

Дебелината на мразот на езерото минатиот викенд беше 50 сантиметри, па аеродромот со мраз беше отворен за слетување на авиони.

Прегледи:
662
Објавено на:
26.02.2021