Убавина, сексипил и фатална привлечност. Дамите во овие хороскопски знакови без сомнение се најголеми заводнички…
Овен
Овновите се со спортска градба, делуваат силно и имаат изразени црти на лицето. Црти на лицето кои тешко се забораваат. Воглавно се маркантни црнки, убавици со темен тен и светли очи, едноставно кажано-преубава бринета со совршена става. Нивниот изглед е во согласност со силната и енергична личност карактеристична за овој знак.
Лав
Силни, грациозни и често со спортска градба, Лавиците пленат без компромис. Нејзиниот изглед и држењето едноставно оставаат без зборови. Сакаат да се облекуваат модерно и да се средуваат, во тоа уживаат. На Лавиците можеме да им препишеме многу таленти и тоа без лажна скромност, природната убавина и шармот никогаш не престануваат да ги восхитуваат мажите. Ако мислите дека овдека станува збор за просечна убавина сте се излажале! Нив лесно ќе ги препознаете меѓу многуте, бидејќи освен споменатата убавина, нивниот стил на облекување и животот ретко кој ќе го остави рамнодушен.
Шкорпија
Дури и кога се слаби, Шкорпиите се со прилично силна градба. Добри нозе, широки раменици, впечатливо лице со сензуална уста и продорни очи ги красат овие убавици. Припадничките на овој знак најчесто имаат преубава смеѓа и густа коса. Шкорпиите сакаат да се средуваат, но нивниот истенчен вкус никогаш нема да допушти во тоа да потфрлат. Нивната убавина секогаш е над просек, а покрај мажите ги обожуваат и децата. Оној кој Шкорпијата искрено ќе го засака, прав е среќник.
Стрелец
Девојките во знакот на Стрелец се најзгодни во цел хороскоп. Со просечна висина, спортска градба, овие убавици како да имаат природен талент за истакнување. Често се со убаво и по малку долгнавесто лице, високо чело и изразени светли очи. Сакаат да се облекуваат спортски и едноставно, но нема да потфрлат тогаш кога од нив се очекува да бидат во полн сјај. Тие тоа ќе го направат на прав начин и со умерена доза на луцидност. Секогаш оригинални, лесно ќе го украдат сечие внимание.
Водолија
Отровот се чува во мали шишенца. Водолиите се обично со средна висина или ниски. Имаат преубаво заоблено лице и посветол тен. Обично имаат мали дланки и стапала, но и убаво обликувани нозе. Очите им се нежни а погледот бистар и искрен. Имаат убави и меки, крупни усни. Водолиите не придаваат големо значење на гардеробата, бидејќи знаат дека гардеробата нема да биде важна кога ќе решат да го освојат својот избраник. Водолиите се често природно надарени со женски атрибути и го оставаат спротивниот пол без здив.