Гокчер Кркмаз е 32 годишен маж од Киркларели, Турција. Можеби не би верувале дека е точно, но тој изјави дека живее со повеќе од 500 животни.
Кога заминал на посета кај неговото семејство во Бабески, Киркларели, тој видел група напуштени животни кои јаделе од големите контениери, борејќи се за живот. Од тогаш, тој не само што се одлучил да им помага, туку и да ги вдоми.
Бидејќи ги имало многу, а на мнозинството им била неопходна помош, тој го напуштил факултетот и се посветил на неговата нова мисија, а тоа е спасување и помагање на помалкуспособните животни.
Од 2006, тој живее за нив. Ги сака, гради мали куќички, редовно ги храни и лекува нивните повреди. Освен тоа, тој е вегетаријанец. На светот му требаат повеќе луѓе како него!