Кога се во прашање слики од слатки и мали животинчиња, ниедна не може да му конкурира на ова мало ѕверче, кое изгледа како да побегнало од детски цртан филм. Квоката (Quokka) е торбар од југозападна Австралија, кој не претставува никаква закана за човекот и како што и самите фотографии покажуваат, умее да биде многу пријателски настроен.