Категории

ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА МЛАДАТА ПЕЈАЧКА НАТАЛИЈА ТРАИЛОВИЌ, КОЈА ДЕБИТИРАШЕ НА МАКФЕСТ СО РЕГЕТОН НУМЕРАТА „ДЕН ВО СЕБЕ“

Наталија Траиловиќ или кај публиката позната како Наталија 4U BAND, е млада и надежна пејачка од  Демир Капија која оваа година дебитираше на Макфест.

Иако не влезе во финалната-ревијална вечер, Наталија остави добар впечаток со модерна поп-регетон песна насловена како „Ден во себе”. Автор на музиката, аранжманот и продукцијата е продуцентот Кирил Зарлинов попознат како Dj Erik Fox, додека пак текстот го напиша битолчанката Христина Јовановска. Во најава е и видео запис за песната.

Наталија почетоците во музиката ги прави уште на четиринаесет годишна возраст, каде со својата прва песна настапува на фестивалот Гроздоберче Тинс во Кавадарци. Професионално почнува да се занимава со музика во 2022 година кога станува член на 4U Band, со кој активно настапува низ цела Македонија.

Од оваа година е студент во прва година на Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип, насока етнокореологија, етномузикологија и народни инструменти.

 

Во прилог линкот од настапот на Наталија на Макфест

Прегледи:
729
Објавено на:
26.10.2023