Категории

Засадил 6.000 дабови стебла кои формираат големо срце во чест на својата сопруга

Кога починала неговата сопруга, посадил 6000 дабови стебла. Значењето на овој гест станал јасен дури по 20 години. Вистинска, чиста љубов која може да го издржи времето, па дури и после смртта.

Ова е приказна за човекот чија љубов останала овековечена на оваа планета на најнеочекуван начин.

Винстон и Џенет Ховс се венчале во 1962. година. Сите во соседството биле изненадени од нивната љубов. Парот живеел во мир и слога, без кавги, а нивната љубов од ден на ден станувала сѐ посилна. Живееле заедно 28 години, недостасувале само 2 години до бисерната 30-годишница.

Ненадејно умрела во 1990. година од срцев удар. Винстон многу тагувал за својата сопруга и се чинело дека ништо не може да го утеши. Не ни помислил да се ожени по втор пат, само одлучил да ја земе работата во свои раце. Поседувал големо земјиште па затоа земал лопата и ашов.

Човекот посадил 6000 стебла даб на парцелата. Најпрво сите тоа го доживувале како делириум и замаглување на умот, но многу години подоцна од ова израснал вистински симбол на љубовта.

Сред дабовата шума се прикажало огромно срце. Огромно како љубовта на Винстон Ховс кон својата жена.

Прегледи:
396
Објавено на:
13.12.2021