Категории

Засакај го оној кој ќе ја исполнува твојата душа – А не оној покрај кој ќе се чувствуваш бедно и изморено

Засакај го оној кој никогаш нема да престанува да те освојува и кој секој ден поминат со тебе ќе го сфаќа како благослов. Човековото срце е мистерија но со него мораш да соработуваш, да го откриваш и да го разбираш. Засакај го оној кој нема да те гледа како уште една во низата, туку како личност која е вредно и на која никој не може да и застане на патот и да ја намали нејзината вредност.

Засакај го човекот кој никогаш нема да се откаже од тебе, па дури ни тогаш кога самата себеси не можеш да се видиш, нити чуеш, тој ќе дојде до тебе и ќе ти покаже дека си секогаш вредна за неговата љубов.
Засакај го оној кој во љубовта не гледа само уште едно убаво чувство, туку и одговорност дека ќе биде со тебе и тогаш кога ќе пресуши тоа убаво чувство и кога повеќе нема да има за што да се фати. Тоа е човек кој вреди да се има во животот затоа што ќе знаеш дека ќе биде покрај тебе дури и кога ќе настапат олујите.

Засакј го човекот во чии очи ќе видиш еден подобар свет кој во твоите очи ќе види богатство какво долго време барал и сега е среќен како мало дете што конечно го има. Засакај го оној покрај кој ќе ја пронајдеш најдобрата верзија на себеси, сфаќајќи дека тоа што си го пронашла не е нешто што си го имала туку нешто што секој ден повторно и повоторно треба да го градиш.

Засакај го оној кој ќе биде рамен на тебе и кој ќе биде почестен што може да влезе во твојот живот, некој кој во тоа ќе гледа прилика да изгради еден стабилен свет. Засакај го човекот кој знаеш дека те сака и без да го повторува тоа постојано, затоа што ќе ја чувствуваш неговата љубов во секој дел од неговото биетие и ќе сфатиш колку си благословена што можете да бидете заедно.