Животот е прекрасен иако можеби не е онаков каков што сте го замислувале во детството. Годините поминуваат, а ние само нешто чекаме, наместо да почнеме да дишеме слободно, да бидеме среќни и спокојни, наместо конечно да почнеме да живееме.
Сите тие години не можеме да ги вратиме никогаш, и дури во длабока старост сфаќаме дека животот нечујно поминал покрај нас додека сме замислувале како би сакале да живееме. Што и да ве снајде во животот, мора да се потсетувате себеси дека животот е од непроценлива вредност.
Животот е чудо, иако можеби моментално не се одвива онака како што сакате.
Обрнете внимание на сѐ што ви се случува, на луѓето кои ве опкружуваат, на настаните кои ве прават среќни и радосни. Прифатете сѐ без приговор. Дозволете си себеси да патите кога ви е тешко и да се радувате кога ќе доживеете успех.
Сакајте со цело срце. Сакајте ги сите – и оние што ви одговараат и оние кои не ви одговараат. Извлечете го најдоброто од сѐ, од секој настан, од секоја личност, од секој проблем, од секоја препрека.
Засакајте се себеси, засакајте ја својата драгоцена улога во оваа непрегледна шема на нештата. Вашето присуство не е случајно. Вие сте важен дел од огромниот ланец на постоењето.
Животот е дар, иако можеби немате сѐ што отсекогаш сте сакале.
Човекот го жнее само она што го посеал. Затоа, сејте љубов, разбирање, добрина, човечност, искреност, верба, сочувство.
Верувајте дека доброто се враќа со добро. Правете добри дела. Помагајте на кого можете. Собирајте поени кај тие моќни креативни сили кои ги нарекуваме Бог. И запомнете една од најголемите вистини…
Животот никому не останува должен.