Категории

Застанете тука! – 6 ситуации во кои немате причина да бидете љубоморни

Воздржете се затоа што за овие ситуации нема оправдување ако направите љубоморен испад

Кога сте многу заљубени, во еден миг може да ви се случи да добиете напад на исклучителна љубомора. За почеток, дишете длабоко и смирете ги страстите колку што е возможно.
Ви споделуваме 6 ситуации во кои навистина нема потреба од бурни реакции и паѓање во очај.

1.Има многу блиска пријателка
Во море од илјадници девојки кои можат да бидат негов предмет на избор, вие сте неговата избраничка, а тоа значи дека се истакнувате од сите останати припаднички од понежниот пол – вклучувајќи ги и неговите другарки. Без оглед на тоа што другите веруваат, платонски пријателства постојат.

2.Кога лајкнува Инстаграм слика на некоја девојка
Во ред, знаеме дека ова може да ве изнервира. Јасно ни е дека можете да ја следите неговата активност на социјалните мрежи, ве уверуваме дека ставањето на црвено срце на нечија објава не е толку голема работа за да се почне кавга.

3.Кога ќе погледне друга девојка
Колку и да е опседнат со вас, вашиот дечко има очи. Ситуацијата е еднаква како и кога вие ќе забележите згоден дечко по улица, не значи дека автоматски сакате да бидете со него, само сте го посматрале. Нема место за љубомора, а вие сте неговата избраничка која сака постојано да ја гледа покрај себе.

4.Кога не е во лоши односи со бившата
Постои причина поради која не се повеќе заедно. Нека тоа ви биде на ум секогаш. Сега е со вас, со причина. Толку е едноставно. Фактот дека не се отуѓил од своите претходни девојки значи дека сте одбрале зрел и сериозен маж.

5.Кога има поминува време со машко друштво
Како што вие обожавате неделно попладне со најдобрите другарки, така негов еквивалент е партија пиво со другарите. Ова не значи дека не сака да поминува време со вас.

6.Кога друга девојка гледа во него
Таа девојка ви ласка вам. Вие сте онаа која е со некој вреден за гледање. Вашето момче е најзгодното во кафичот, само напред!

Прегледи:
512
Објавено на:
09.10.2019