Категории

Заврши Gaming Weekend организиран од Македонската Еспорт Асоцијација

Заклучно со завчерашниот ден беше затворен првиот Gaming Weekend во организација на Македонската Еспорт Асоцијација. Три дена, три различни видео игри и три новокрунисани шампиони, период во кој гејминг заедницата во убава и забавна атмосфера се натпреваруваше и дружеше он-лајн. Во саботата се одигра 1 на 1 натпреварување во видео играта Dota 2, додека пак в недела добивме победник во светската мобилна сензација Clash Royale, во текот на завчерашниот ден шахистите беа на сцена и се натпреваруваа пред гледачите.

„Еспортот и гејмингот земаат огромен замав во последниве неколку години, новата ковид реалност во која живееме само го утврди и потенцираше овој факт. Како релативно нова непрофитна организација, МЕСА цели да биде лидер на македонската еспорт сцена. Нашиот залог за гејмингот активно го докажуваме, а за тоа говори фактот дека од самиот почеток на оваа година организиравме 6 он-лајн турнир во разни популарни видео игри. Веруваме цврсто дека иднината на спортот и забавата се наоѓаат токму во видео игрите и заедно со нашите сѐ побројни поддржувачи, како и сѐ побројната публика работиме кон етабалирањето и афирмирањето на еспортот во нашата држава. Честитки до сите победници како и голема благодарност до нашите поддржувачи и до публиката која константно нѐ уверува да продолжиме да се движиме по овој правец“ – изјави Константин Пејоски, Претседател на Македонската еспорт асоцијација.

Како и во светски рамки, во последните неколку години гејмингот во Македонија и во рамки на Балканот доживува огромен подем. Врвните играчи на овие видео игри се сметаат за професионални атлети и добиваат визи еднакви на професионалните фудбалери, кошаркари, ракометари или било кои други врвни спортисти. Енормната бројка на гледачи кои ги следат овие натпреварувања година за година руши рекорди и со Ковид-19 пандемијата веќе се искачи на ново високо ниво. Се очекува еспорт публиката
до крајот на 2020-тата година да се искачи до 500 милиони гледачи, а самата индустрија да биде вредна околу 1.3 милијарди долари.

Прегледи:
415
Објавено на:
19.08.2020