Диетата со туна се држи три денови, а потоа четири денови јадете нормално. За време на диетата секој ден порција туна е задолжителна. Во текот на оваа диета дозволено ви е да пиете чај, црно кафе и вода.
Оние кои ја практикувале оваа диета велат дека за три денови можете да изгубите и до пет килограми. Екстремно нискиот калориски внес значи дека ќе изгубите малку масти, но губитокот на тежината веројатно ќе дојде пред сѐ поради исфрлувањето на течностите бидејќи исхраната подразбира многу малку јаглехидрати, кои му помагаат на телото да ги задржи течностите. Нема докази дека оваа диета го намалува холестеролот и го чисти телото.
Во текот на диетата треба строго да се придржувате на режимот на исхрана и да пиете најмалку 2,5 литри вода секој ден.
Прв ден
Појадок: 1 шолја црн чај или кафе, 1/2 грејпфрут или овошен сок, 1 тост намачкан со путер од кикирики (или сусам).
Ручек: 100 – 150 г туна во салата со рукола, исечкана помала краставица, шери домат и (по желба) лажица варена пченка, 1 шолја црно кафе или чај.
Вечера: 100 г варено говедско месо, 200 г боранија, 200 г изрендани моркови со неколку капки лимон, помала чинија пудинг од ванила (околу 100 г), 1 средно јаболко, 1 шолја црно кафе, чај или вода.
Втор ден
Појадок: 1 шолја црно кафе или чај, 1 варено јајце, 1 тост, 1 банана.
Ручек: 200 г туна, 5 крекери, 1 шолја кафе, чај или вода.
Вечера: 200 г пилешки гради на скара, 100 г варен морков, 200 г варена брокула, 1 банана, чинија пудинг одд ванила (околу 100г), 1 шолја црно кафе или чај.
Трет ден
Појадок: 1 шолја црно кафе или чај, 5 крекери, 30 г сирење, 1 јаболко средна големина.
Ручек: 1 варено јајце, 1 тост, 1 шолја црно кафе или чај.
Вечера: 200 г туна, 100 г варен морков, 100 г варен карфиол, 1 крушка средна големина, мала чинија пудинг од ванила (околу 100 г), 1 шолја црно кафе или чај.
*Оброците распоредете ги така што вечерата да биде околу 18 часот, а после тоа веќе ништо не јадете.
*Брзо шетање од 30 минути секој ден е задолжително
*Ако користите некои лекови кои не се комбинираат со грејпфрут, наместо сок од грејп пијте сок од портокал или лимон.