Оваа млада девојка живее во Јапонија. Таа се грижи за себеси и за уште 12 мачки од расата Чинчила, перскиски мачки. Токму овие крзнени, меки и горди суштества го освоија интернетот овие неколку денови. Всушност, нивната сопственичка имаше за цел да го смени застарениот стереотип на „мизерна стара мома која ќе умре со многу мачки“ и да докаже дека е среќна со називот „Жената Мачка“.
Прашањето е како да ги натерате сите дванаесет мачки да гледаат во камерата. Одговорот е едноставен – покажете им ја омилената играчка и полн погодок. Но освен тоа, треба да бидат убаво најадени пред фотосесијата…двапати! А еве како да се справите со персиска мачка доколку и вие се решите за таков чекор.
Не е лоша идејата да им дадете ужинка, ќе ве обожаваат!
После тоа, нивниот распоред оди како што е успланирано – попладневна дремка во креветот на сопственикот.
Малку позирање е сосем во ред.
Во распоредот секако има одвоено и некој час за играње.
Па потоа следи мала прошетка во градината.