Категории

Жени за пример: 7 Македонки секојдневно им помагаат на жртвите од поплавите

Во повеќедневната акција во областите кои беа зафатени од поплави во Македонија учествуваат стотици волонтери. Меѓу нив се седум дами кои инспирираат на социјалните мрежи со својата одлучност и желба да им помогнат на жртвите.

Елена Петковска сподели фотографија од седумте Македонки кои несебично го даваат своето време и енергија за да им помогнат на оние на кои тоа им е најпотребно. Целта на Петковска, која е волонтерка, е да ги инспирира сите, а посебно претставниците на посилниот пол активно да се вклучат во расчистувањето на теренот во поплавените подрачја.

Во описот на фотографијата, Петковска напиша:

Овие 7 жени и девојки на фотографијата ниту имаат мускули ниту тежина како маж, а сепак товарат еден куп пакети по 20 кг по цел ден во автомобилите и ги носат од куќа во куќа по настраданите места. Е овие дами кои не си ги чуваат себично слободниот дел од денот, ниту рацете, нити снагата, а уште помалку чевлите, да ви бидат пример, особено на вас момци кои цел ден бистрите политика наместо да ги земете лопатите!

Што било, како било, на поплавените нема да им помогне. И цела механизација да дојде, помош од нас треба.

Прегледи:
470
Објавено на:
16.08.2016