Категории

Жените кои се шминкаат заработуваат повеќе!

Досега биле направени многу истражувања за да се дознае колку физичката привлечност ќе ви помогне да напредувате на работното место, но најновото истражување насловено Gender and the returns to attractiveness на Џеклин С. Вонг и Ендру М. Пенер укажува дека привлечноста сама по себе не е тоа што придонесува да добиете поголема плата, туку времето потрошено за да го постигнете тој изглед е исто така фактор.

Двајцата социолози откриле дека привлечните луѓе добиваат околу 20 отсто повисока плата на работното место во споредба со колегите кои се сметаат за просечно привлечни.

Вонг и Пенер го продлабочиле истражувањето за да дознаат која е дефиницијата за привлечност и откриле дека тоа е повеќе поврзано со навиките за негување и шминкање отколку со природната убавина.

Како тоа да не е доволно, еве уште еден иритантен факт: негувањето се покажало дека влијае со само 15 отсто во оценувањето на привлечноста кај мажите.

Немаме ништо против шминката, редовната нега и посетите на фризер и секако дека треба да изгледате средено и претставително на работа. Но тоа во никој случај не би требало да биде фактор во пресметувањето на платата или напредувањето на работното место.

Тоа би требало да зависи од нашата способност и посветеност на работата, нели?

Прегледи:
458
Објавено на:
27.05.2016