Категории

Жежок тренд: Плетени бикини

Доколку фрлите еден поглед кон странските модни блогови, друштвени мрежи, можете да заприметите дека ова лето дефинитивно е во знакот на плетените бикини. Едноделни или дводелни овие бикини завзедоа место на врвот на најпосакувани бикини помеѓу девојките. На модниот трон се пласира брендот She made me кој се пробие на светскиот пазар и стана еден од најуспешните брендови специјализирани за костими за капење. Денес плетените модели можете да ги пронајдете во понудите на сите high street продавници, по пристапни цени и прекрасна палета на бои. H&M и Asos моментално ги имаат најдобрите понуди.. Освен што изгледаат прекрасно на потемнет тен, плетените бикини одлично се комбинираат со долгите лелеави наметки и сламени шешири.. Доколку сеуште сте во потрага по вашиот идеален костим за капење, тогаш овој модел дефинитивно треба да се најде во вашата листа.

a18_840_472 a19_840_472 as221_840_472 desktop247_840_472 hm79_840_472 hm149_840_472 hmprod_840_472 hmprod199_840_472 image3xxl_840_472 mara-hoffman-2085_840_472 she-made-me-1730_840_472

Прегледи:
521
Ознаки:
·
Објавено на:
24.07.2016