Широките пантолони познати под името „шалвари“ се моден тренд кој со години е обожаван меѓу модните следбенички. Популарните пантолони со специфичен крој датираат уште од Османлиското доба и ги носеле жените во живееле во харемите откаде потекнува и официјалното име на овие пантолони „харемски пантолони“. Тие најчесто доаѓаат во колоритни принтови и дезени и најразлични шари па така да најдобро е да се комбинираат со блузи,маици,кошули кои се еднобојни за да се избегне преголема колоритност додека има и еднобојни модели кои пак можат да се комбинираат на најразлични начини. Изборот на обувки помеѓу трендсетерките е голем, некои ги носат со рамни балетанки, сандали и гладијаторки додека за по елегантен изгледа некои избираат и чевли со висока пета, но во сите случаи тие изгледаат подеднакво модерно и гламурозно. Овој тренд исто така е популарен и меѓу познатите личности од џет сетот како Блејк Лајвли која може да се каже дека ужива во носењето на ова парче облека поради тоа што се комфорни и удобни со оглед на нејзината бременост, исто така други познати дами кои го обожаваат овој тренд се Бијонсе, Ким Кардашијан, и Ријана.