Категории

Животни ситуации во кои никогаш не треба да ги лажете децата

Сите мислиме дека белите лаги се корисни, но за децата тие би можеле да бидат лоши, создавајќи им погрешна слика за светот.

Голем број родителите користат ситни бели лаги со цел да ги заштитат децата. И тоа понекогаш е потполно во ред. Проблемот настанува кога родителите лажат за сериозни теми како што се развод или смрт.

Можеби на овој начин мислиме дека ги штитиме чувствата на децата, но всушност ги лишуваме од емоционалниот развој. А исто така, родителите на тој начин пропуштаат можност да изградат доверба и комуникација со децата.

1.Смрт
Не е во ред да се лаже во врска со смртта, без оглед на тоа дали се работи за домашен миленик или некој член од семејството. Не е лесно на детето да му се соопшти ваква вест, но не е нити паметно да се лаже. Користењето на разни метафори или потполно избегнување на темата само може да ви одмогне во вакви ситуации.
Најдобро решение е да му ја кажете вистината, прилагодувајќи го разговорот за негова возраст.

2.Од каде доаѓаат бебињата
Многу е лесно да му ја раскажете на детето приказната за штркот, отколку да му го објасните поимот секс, но избегнувањето на таа тема би можело да поттикне нездрави, збунувачки или негативни гледишта за сексот и телесната слика.
Вашиот разговор не мора да се претвори во лекција по биологија. Почнете со мали зборови дека јајцето расте во стомакот на мајката. Тогаш откако вашето дете ќе стане постаро и позрело, можете да му пружите и конкретни детали.

3.Развод
Децата се проникливи повеќе отколку што мислиме и можат да почувствуваат кога нешто не е во ред кај родителите. Значи, ако се обидувате да им кажете дека и вие и вашиот партнер сеуште се сакате, голема е веројатноста дека нема да ви веруваат. Тоа може да им даде лажна надеж дека еден ден повторно ќе се смирите.

4.Несовесни родители
Ако вашиот партнер ве напуштил, можеби е мртов за вас, но тоа не е она кое би требало да му го кажете на децата кога ќе ве прашаат каде е мама или тато. Ако родителот кој го напуштил некогаш се врати, тешко ќе успеете да му го објаснете тоа.

Прегледи:
561
Објавено на:
13.12.2020