Категории

Животот на младите родители низ илустрации во кои ќе се пронајдете! (ФОТО)

Кара Вестерн е млада мајка. Најголемиот дел од времето го поминува со својот мал син, а од секојдневието црпи инспирација за илустрациите кои ќе ги погледнете во продолжение.

Животот се менува комплетно, а во поголемиот дел од илустрациите ќе се препознаете доколку имате мали деца.

Детето секогаш се чувствува најудобно во рацете на својата мајка

Кога му велите на своето 2-годишно дете: „Те молам внимавај да не ме исфарбаш со маркерите“

Посетата кај педијатарот секогаш изгледа вака

Спа опуштањето на мама никогаш не е успешно

Секоја прошетка е авантура

Кога повеќе не можете да го носите вашето дете во раце 

Шишањето на вашето дете, а притоа успехот да не ги поткачите ушите е вистинска победа

Вежбањето во присуство на детето е невозможна мисија

Спиењето може да биде прекинато на многу непријатен начин

Вашето дете е секогаш подготвено да ви помогне

Вака би изгледал совршениот викенд, но вашето дете никогаш не се задржува во оваа позиција

Добриот сон е минато

Особено кога го мачат првите запчиња

Кога се надевате дека вашето дете нема да сфати што се случува во новата епизода на „Game of Thrones“

Детето е најдобриот потсетник дека не треба да поминувате многу време со телефонот

Но, сите овие слатки проблеми се забораваат во моментот кога ќе ве погледнат тие најубави очи, зар не?