За животот на арапските жени постојат многу стереотипи и верувања.
Дел од елементите кои се поврзани со нивиот живот се полигамија, хареми, целосна моногамија, недостаток на легални права и еднаквост. Во продолжение, дознајте како изгледа животот на една жена од Истокот.
Што се однесува до договорот за брак, најголем дел од браковите се базирани на желбата на родителите. Многумина веруваат дека никој не се грижи за мислењето на девојките, но сепак многу често тие имаат можност да одбијат доколку не им се допадне мажот. За разлика од останатите земји, договорот за брак мора да биде потпишан. Минимална возраст на младоженците за брак е 18 години.
Што се однесува до свадбите, најчесто младоженецот и невестата ја слават свадбата одвоено. Свадбата на мажот може да се слават и во истиот ден како на невестата и најчесто се едноставни . Најчесто на свадбите се пие чај, кафе, се има ручек и дружење, кое не трае шовеќе од 4 часа. Свадбата на жената таа ги покажува дијамантите, дизајнерските чевли и вечерните фустани. На мажите им е строго забрането да бидат дел од оваа прослава, а дури и персоналот е составен само од жени. Доаѓањето на сопругот се соопштува однапред. Дури и ако мажот дојде со браќата или таткото, невестата треба да се покрие со хиџаб, бидејќи дури и мажите од семејството не смеат да ја видат нејзината убавина. На свадбата на невестата најчесто и се подарува накит.
Доколку мажите сакаат да се разведат од жената, во секое време можат да и кажат на жената да си оди. Жената веднаш ќе ја напушти куќата само со работите кои се моментално на неа. Токму поради тоа, жените најчесто носат златото на себе, иако разводите на иницијатива на мажот се многу ретки. Исто така, децата остануваат со таткото по разводот.
Жените пак, доколку сакаат да се разведат, можат да поднесат барање за развод ако мажот не се грижи за нив добро. Ваквите изјави се разгледуваат внимателно од судот и најчесто ги прифаќаат. Во арапскиот свет, мажите ја искажуваат љубовта со купување на накит и злато. Тој исто така треба да ја носи жената во ресторани и да купува скапи подароци и облека.
Што се однесува до облекувањето, жените треба да го кријат телото во широка и долга облека, а исто така и лицето треба да им биде покриено кога излегуваат надвор, бидејќи нивната убавина ја чуваат само за нивниот сопруг.