Категории

Зидан со нов договор во Реал до 2018

Популарниот ’Зизу’ на почетокот од минатиот месец седна на жешкото столЧе на ’Кралевите’ како замена за Рафа Бенитез, кој доби отказ по серијата бледи партии.

Зинедин Зидан беше промовиран од резервниот тим, и лидерите на Реал Мадрид уште тогаш му понудиле нов договор што доликува за тренер на првиот тим, но Французинот решил преговорите да ги стави во втор план и да се фокусира на новата задача.

Прв приоритет на стратегот бил да се реорганизира составот и да се врати во форма тимот.

Промените веднаш се забележаа, ’Кралевите’ заиграа далеку подобро под водство на ’Зизу’ и следуваа убедливи победи над Ла Коруња (5-0), Хихон (5-1) и Еспањол (6-0) како и ремито кај Бетис (1-1).

Откако Реал Мадрид се врати на прав колосек, Зинедин Зидан и неговиот тренерски персонал пред неколку дена ставиле потпис на нови договори.

Marca пренесува дека Французинот се обврзал кон Реал до 30. јуни 2018, договорот е со иста должина како оној што Зидан го имаше со резервниот тим на ’Кралевите’, но сега стратегот има поголема плата.

Прегледи:
407
Објавено на:
04.02.2016