Категории

Зимска нега на усните – Што да правите кога се испукани?

Ниските температури, студот, ветрот и другите временски прилики влијаат на усните. Испуканите усни можат да болат, да чешаат, можат да бидат дури и оштетени и да почнат да се лупат и да крварат.

До пукање на усните доаѓа кога кожата ќе престане да задржува влага. Кога кожата ќе испука тоа го намалува капацитето на задржување на влага и тој маѓепсан круг доведува до хронични и се потешки проблеми. Усните немаат жлезди кои можат да ги одржуваат влажни и меки. Имаат само малку меланин и кожен пугмент кој овозможува потемнување на кожата и тоа е се.

Усните имаат најчувствителна кожа на нашето тело, па поради тоа бараат внимателна нега.

За почеток зголемениот внес на витамини по пат на суплементи и тоа витамини Е,Ц и Б комплекс можат да ви помогнат во зајакнување на имунитетот. Користете блага забна паста а особено избегнувајте таква со ментол затоа што може да ги иритира и и да доведе до пукање на усните.

Добриот балзам за усни е неопходен па би било добро да побарате таков кој во себе содржи витамин Е и алое вера.

Сувите усни масирајте ги со поголема количина на балзам. Оставете балзамот да делува неколку минути со цел да ја омекне кожата. Потоа устата нежно избришете ја со топол навлажнет памук. Со балзамот ќе ги избришите и сувите парчиња кожа.
Балзамот за уста мачкајте го секое утро и вечер. Користете хидратантен кармин со цел да спречите сушење на усните во текот на денот.

Рицинусово масло
За хидратација и заштита на усните можете да користите рицинусово масло. Носете го со себе во мало шишенце и нанесувајте го во текот на денот кога ќе почувствувате дека е потребно. Покрај рицинусовото масло можете да користите невеново масло, масло јојоба, етерично масло од сандалово дрво..

Пред спиење на испуканите рабови на усните нанесете некоја блага крема, невенова маст во голема количина.

Прегледи:
700
Објавено на:
11.12.2020