Категории

Зимскиот период е исполнет верски празници: Еве што славиме до крајот на оваа година!

Зимата е период исполнет со најмногу значајни верски празници за сите православни христијани.

  • Митровден – 8 ноември

Празникот на Светиот великомаченик Димитрија или Митровден, како што се нарекува во македонскиот народ, е празник кој никогаш не го менува датумот.

  • Архангел Михаил – 21 ноември

На овој ден се слави еден од најголемите христијански празници и една од најчестите куќни слави.

  • Свети Климент – 8 декември

Македонската православна црква со посебно внимание, но и со гордост го празнува споменот на својот патрон Свети Климент Охридски – Чудотворец. Првиот македонски архиепископ во исто време и творец на далеку познатата Охридска книжевна школа е најзначајниот македонски средновековен писател и педагог.

  • Свети 15 тивериополски маченици – 11 декември

Група христијански светци и маченици. Своите животи во име на христијанството ги загубиле во времето на римскиот цар Јулијан Отпадникот. Нивното дело се чествува на 11 декември. Во градот Струмица, односно местото каде биле погубени 11 декември се слави како патрон на градот.

  • Свети Никола – 19 декември

На 19 декември сите православни христијани го слават Свети Никола – Чудотворец, кој во народот е познат како, све­те­цот, кој е заш­тит­ник на де­цата, мо­реп­лов­ците, де­вој­ките, си­ро­маш­ните, уче­ни­ците, пе­ка­рите, ап­те­ка­рите, тр­гов­ците, пат­ни­ците. Ова воедно е најголемата македонска слава.

Прегледи:
564
Објавено на:
09.11.2021