Категории

Знаете ли дека браковите имаат мошне интересна и бизарна историја?

Што е брак? Не постои дефиниција која би можела да ја опише оваа институција, бидејќи со векови значењето и вредностите на бракот постојано се менуваа.

На почетокот на цивилизацијата луѓето најчесто склопувале бракови поради физичка безбедност. Доколку некој во тоа време ќе останел сам, тоа било речиси директна смрт. Рецептот бил едноставен: колку повеќе роднини, толку повеќе заштита и храна, како и гаранција за продолжувањето на потомството. Но наскоро социјалната хиерархија почна да се менува, а со тоа и перцепцијата на бракот, како и значењето за мажите и жените.

Така, на пример, во стара Грција, се верувало дека жените не заслужуваат љубов или брак. Бракот бил резервиран исклучиво за љубов помеѓу мажите. Овие обичаи ги превземаат Римјаните, но со мали промени. Имено, кај нив односот помеѓу мажите бил прифатлив само ако едниот бил римјанин, а другиот роб. Нерон, еден од најпознатите римски императори, се оженил со маж двапати. Посебна улога во Рим имале конкубините – немажени жени кои живееле со невенчани мажи.

До 12-тиот век паровите можеле да се склучат брак на улица, во шума, и не им биле потребни сведоци. Доволно било само да кажат “те земам за маж/жена“.

Потоа, како и во многу други области, Црквата почна да игра голема улога, а во 13-тиот век, за прв пат, почна да се меша во бракот и креветот на брачните другари. Еден од најголемите проблеми на црквата било управување со кралските семејства, односно нивните бракови и разводи.

Папата Иноцент донесува закон за забрана на брак и развод без знаењето на Црквата, која во тоа време ги диктирала дури и позициите кои биле прифатливи во кревет.

Во 18-ти век, револуционерната Франција на Црквата и го одзема управувањето со бракотот и го пренесува на државата, со што се создава граѓански брак. Овој вид на брак постепено се воведува во сите западни земји (на територијата на поранешна Југославија дури во 1946 година).

Времињата се сменија, но и денес во светот постојат бизарни обичаи. На пример, припадниците на заедницата во Малезија не дозволуваат младенците да одат во тоалет три дена и ноќи, бидејќи тоа носи несреќа. Во Јужна Кореја младоженецот пред свадбата пријателите го врзуваат за нозете и го удираат со риба по нозете, за да го  зајакнат за првата брачна ноќ.