Категории

Знаете ли дека суеверието може да ни помогне во ублажувањето на анксиозноста?

Многу луѓе веруваат дека бројот 13 е несреќен број или дека нешто лошо ќе им се случи ако видат црна мачка. Спортистите, исто така, имаат голем број на ритуали пред важните натпревари, а некои од нив веруваат дека нема да постигнат добри резултати ако ги променат овие ритуали.

Психолозите, кои ги проучувале суеверијата, велат дека истите произлегуваат од претпоставката дека постои поврзаност меѓу настаните кои се повторуваат. На многумина луѓе токму суеверието им дава чувство на контрола и ја намалува вознемиреноста. Токму поради тоа, суеверието се зголемува кога се зголемува стресот. Ова е особено евидентно за време на војни и економски кризи. Ова може да ги наведе поединците да донесуваат ирационални одлуки, потпирајќи се на верувањето во судбината или среќата.


Иако на некои луѓе суеверието им делува смешно, на другите луѓе токму суеверието им влијае на донесувањето на одлуките и однесувањето во светот.

Кога станува збор за спортот, суеверието помага да се намали тензијата, а на спортистите им дава контрола над непредвидливите фактори. Познатиот кошаркар, Мајкл Џордан, ги носеше своите “среќни” шорцеви под дресот, тенисерот Бјорн Борк, наводно, ја носел истата маичка додека се подготвуваше за Вимблдон. Рафаел Надал има посебен начин на кој ги реди шишињата со вода итн. Меѓутоа, доколку овие ритуали не се извршат, психолозите велат дека некои луѓе можат да развијат анксиозност.

13% од луѓето во анкетите изјавиле дека не би сакале да бидат сместени на 13-от спрат во хотелот. Поради оваа причина некои авионски компании, како што се Луфтханза и Ер Франс, немаат 13-то седиште.