Категории

Знаете ли зошто хирурзите за време на операција носат само плави или зелени униформи?

Дали некогаш сте се прашале зошто хирурзите носат исклучиво зелени или плави униформи за време на операциите, но никогаш не носат бели униформи?

Како што се покажало, постои фасцинантна причина поради која тоа е така, причина која дури може да го одреди успехот на операцијата.

Некогаш одамна, целиот медицински персонал во сите прилики носел бели униформи. Така било се до 1914 година, кога еден д најзначајните светски доктори во тоа време одлучил за времена операцијата да носи зелена униформа.

Имено, проблемот е тоа што голема количина на белата боја може да предизвика хирурзите да „ослепат“ на неколку секунди, особено доколку долго гледаат во темно црвена боја на крвта или мускулите. И самите често сте го доживеале тој ефект, кога на пример, излегувате од тунел на светло или кога ви зимо, по престој во темна просторија ќе излезете на снег.

Но, зошто униформата на хирурзите е токму во плава или зелена боја?Зошто не е жолта или виолетова?

Работата е во тоа што зелената и плавата боја се на спротивна страна на спектарот од црвената, а хирурзите во текот на операциите најчесто гледаат во таа боја, црвена

Поради тоа униформите им се во сина или зелена воја, нивните очи може да се одморат, но и унапредат, па дури и да станат „чувствителни“ на различни нијанси на црвената, пишува Bright Side. Поради тоа причина, посветуваат поголемо внимание на деталите на човечката анатомија, а тоа значително ја намалува можноста да згрешат за време на операцијата.

Извор : makedonijadenes.com.mk

Прегледи:
398
Објавено на:
17.02.2017