Зимата полека но сигурно доаѓа, а намалените температури веќе се чувствуваат во воздухот. Овие нагли промени особено влијаат врз здравјето, па поради тоа, покрај потоплата облека од особена важност е изборот на исхраната соодветна за овој период.
Храна која ќе ве чува од настинки и ќе ви ја згрее душата. Ништо подобро не може да го постигне тоа од вкусна супа приготвена на кинески начин.
Супата во кинеската кујна е задолжителен дел од оброкот и се приготвува на повеќе начини. Култура на јадење супа за појадок, ручек и вечера помага храната да се свари побргу во организмот, а она што е особено интересно е дека се консумира на крајот на оброкот, а поради тоа оброкот е помал оставајќи место за супата. Воедно тоа е една од тајните на витката линија на кинескиот народ, бидејќи на овој начин јадат помалку.
Доколку сакате да ја вкусите магијата на кинеските супи, посетете го кинескиот ресторан Ѕвезден океан. Тука имате можност да уживате во дегустирањето на повеќе видови супи. Една од супите во Ѕвезден океан е светски познатата супа – луто кисела супа.
Карактеристично за оваа супа е тоа што во секој дел од Азија се прави на различен начин, а во најпознатиот кинески ресторан кај нас, се подготвува на традиционален северно-кинески начин, со домат, краставица бибер, свежи шампињони, се додава кинеска сол, неколку капки кинески зејтин, кин оцет од ориз, а лутиот шмек доаѓа од биберот, па поради тоа и е наречена луто кисела супа.
Поради здравите состојки кои ги содржи и нивната комбинација во една супа, се добива ефект на инхалација на дишните патишта, а истовремено чувство на топлина и олеснување во целото тело.
View this post on Instagram
Ѕвезден океан топло ви ја препорачува оваа супа во периодот на настинки и промениви температури, а секој оној кој го посетил овој ресторан и ја вкусил луто киселата супа се уверил во нејзините благодети. Но, сепак, доколку сакате супа со поразличен вкус, кинескиот ресторан Ѕвезден океан на своето мени има и други видови на супа меѓу кои сигурно ќе ја пронајдете и вашата омилена: пилешка супа, брокула супа, супа од морски плодови, рибја супа и вегетаријанска супа.
Заштитете го вашето тело внесувајќи здрави состојки и затоплете ја душата со една од супите во Ѕвезден океан на крајот од оброкот.