Категории

Знаете ли зошто се појавуваат црвените точки на кожата?

Дали сте забележале чудни црвени точки на вашата кожа? Знаете зошто се појавуваат?

Тие се бенигни тумори кои потекнуваат од клетките на васкуларните или лимфатичните садови или од клетките кои се наоѓаат околу тие садови.

Постојат две главни причини зошто се појавуваат ангиомите:

1. Заради годините, односно возраста. Ангиомите со текот на годините можат да настанат природно заради промени на кожата и крвните садови. Уште се познати како цреша ангиом и се со големина од 1 – 5 mm во дијаметар.

2. Заради здравствени проблеми или лош стил на живеење. Од друга страна, може да биде знак за проблеми со црниот дроб, крвните садови или изгубен хормонален баланс.

Овие промени на кожата вообичаено се безопасни и се третираат само за естетски, односно козметички изглед. Но, ако забележите промени, добро е да се консултирате со лекар.

Прегледи:
562
Ознаки:
· ·
Објавено на:
22.02.2017