Категории

Зошто детето не сака да заспие

Плачот како олеснување

Понекогаш плачењето нема врска со родителските грешки или несовршености. Многу е важно да се разбере дека детето има потреба да се исплаче поради фурстрации кои се невидливи и тешко разбирливи за нас. Плачењето е природен начин на решавање на незадоволствата, стравовите и повредите кои детето ги доживува и не треба секој пат да се трудиме со сите сили да направиме да престане да плаче.

Сетете се како плачењето вам ви донело олеснување во тешки ситуации. Тогаш не ви било баш драго да молчите и да ги стискате забите. Ви требал некој кој ќе биде покрај вас, да ви помогне да се чувствувате сигурно и да можете да се препуштите и да ја исплачете болката која ја носите. Она што во тие моменти му треба на детето не е замолчување, цуцла во уста, викање да престане, туку стабилен и посветен родител кој ја пружа својата присутност и му помага на детето да ја исплаче својата, само за него разбирлива, тага или страв. Важно е притоа да не го отрфлувате, да не го замолчувате за тоа да се чувствува сигурно и да може да ви се исплаче се додека не почуствува дека е доволно. Потоа, обично може мирно да заспие.

Ако плачењето пред спиење е пречеста појава, тоа може да укажува на тоа дека мајката треба да поработи на својата емоционална отвореност и присутност.

Одење на спиење

На возраст од две до три години, често се случува детето да не може да заспие кога мајката го носи на спиење. Таа појава не е фаза како некои други и има свои причини. Оваа фаза е многу честа и им создава проблеми на родителите. Како и обично, проблемот не е во детето, туку во недоволната емоционална присутност на мајката во односот со детето. Интересно е што голем дел од однесувањата кои ги “полудуваат“ родителите имаат за цел зачувување или продлабочување на врската помеѓу детето и родителите. Најчесто има плачење, лутење на мама или дури и удирање на родителите, нешто што е последица на незадоволството на детето во врска со степенот на поврзаност. Многу мајки поминуваат цел ден со детето но не забележуваат дека физичка присутност и вистинска присутност не се иста работа. Кога мајката не е емоционално отворена и достапна за детето, најчесто поради повреди кои таа самата ги претрпела во детството, нејзината физичка присутност може само да ја зголеми иритацијата и незадоволството на детето. Како кога нам, кога сме многу гладни, ќе ни покажат вкусна храна,а не можеме да дојдеме до неа.

1 2 3

Прегледи:
2068
Објавено на:
17.05.2016