Категории

Зошто е препорачливо да се јаде едно јаболко на ден?

Јаболкото го подобрува работењето на метаболизмот, помага при слабеењето, овозможува мирен сон… Јаболкото е како ковчег со богатство.

Богато е со влакна (целулоза, пектин, лигнин…), го намалува нивото на холестерол и спречува настанување на срцеви заболувања.

Овој плод изобилува со витамини (витамин Ц кој го засилува имунитетот и го забавува стареењето, како и витамините А, Е, К, Б), минерали (калиум, магнезиум, фосфор, железо), киселини (млечна, лимонска и јаболкова) кои помагаат во процесот на варењето.

Благодарејќи на јаглехидратите кои ги содржи (фруктоза, сахароза, гликоза) го снабдува организмот со енергија, спречува замор и го разбиструва умот. Ако пред спиење изедете едно јаболко, ќе имате мирен и пријатен сон.

Секој ден изедете јаболко за да спречите бројни здравствени тегоби. Конзумацијата на јаболкото поттикнува и лачење на серотонин, „хормонот на среќата“.

1 2

Прегледи:
823
Објавено на:
25.04.2016