Категории

Зошто е препорачливо да се јаде едно јаболко на ден?

Лековитите својства на ова овошје биле познати уште во средниот век. За лечење, освен плодовите се користеле и цветовите и листовите и тоа против болести на очите, болки во коските, пупките против главоболки, грчеви и запек.

Бидејќи нема голема енергетска вредност, бидејќи во најголем дел е составено од вода во која се растворени витамините и хранливите и лековити супстанци, јаболкото поминува низ желудникот за 20 минути.

Меѓутоа доколку го јадете после оброк, поради храната која се вари во желудникот и до неколку часа, доаѓа до ферментација и јаболкото ги губи повеќето хранливи и лековити материи.

Јаболкото јадете го со лушпа (освен ако сте купиле такви третирани со пестициди), бидејќи лушпата содржи шест пати повеќе витамини отколку плодот. Лушпата содржи пектин, влакно кое на себе ги врзува токсините и им помага на цревата да ги исфрлат остатоците од веќе сварената храна.

Освен тоа, лушпата содржи урсолична киселина која го контролира нивото на холестерол и шеќер во крвта и ги засилува и штити мускулите.

Убави и здрави заби

Со умерено гризење и жвакање на јаболкото го засилуваме забното месо, а со конзумацијата на едно јаболко можеме да ја исчистиме усната шуплина од дури 90 проценти од бактериите кои предизвикуваат кариес.

Киселината која се наоѓа во јаболката може да придонесе за топење на забниот камен. Бидејќи е богата со флуор, спречува настанување на кариес и ја штити усната шуплина.

1 2

Прегледи:
825
Објавено на:
25.04.2016