Категории

Зошто е важно да ги запишуваме своите мисли и желби?

Секој од нас во просек секој ден има 60.000 мсли и најдобро е да ги запишува своите желби и цели на хартија, а на тој начин парчето хартија ќе испрати известување на нашата потсвест дека тие мисли се далеку поважни од останатите 59.999.

Мозокот е најголемиот фитер. Една од најпознатите приказни на сите времиња за тоа како да ги остварите своите соништа и да ја земете судбината во свои раце ја напишат Робин Шарма во книгата „Калуѓерот што го продаде своето Ферари“. Шарма потсеќа на тоа дека секој од нас во просекој секој ден има 60 000 мсли и најдобро е да ги запишува своите желби и цели на хартија со што парчето хартија ќе испрати известување на нашата потсвест дека тие мисли се далеку поважни од останатите 59 999. Мозокот тогаш почнува да ги бара сите можност како тоа би се остварило. Шарма тврди деака тоа е процес од науката за кој поголемиот дел од луѓето не се свесни.

„Животот во голема мера ни го дава она што го бараме од него, поголемиот дел од луѓето сакаат да се чувствуваат добро, да имаат повеќе енергија и да живеат со задоволство. Сепак, кога ќе ги прашаш што точно сакаат, тие немаат одговор. ТИ можеш да го промениш својот живот, оној час кога ќе ги поставиш своите цели и ќе почнеш да ја бараш својата Дарма.“ – вели Робин Шарма.

Концентрирајте го вашиот ум
„Веројатно понекогаш ви се случило да запознаете некој со чудно име и потоа да почнете насекаде да го забележувате тоа име: во весниците, на телевизија или во канцеларија? Или сте се заинтересирале за нешто ново, да речеме летечки риболов и потоа можете да забележите дека каде и да одите постојано слушате токму за чудата на летечкиот риболов?
Тоа е само илустрација на големиот принцип кој Јоги Раман го именува како Јорики, и значи да концентрирање на умот. Треба да го концентрирате секој грам од вашата ментална енергија на самодовербата. Воочете во што сте најдобри и што ве прави среќни. Што и да сте, пронајдете ја својата страст и следете ја“ – советува Робин Шарма.