Категории

Зошто колената повеќе нѐ болат во зима?

Статистички е докажано дека луѓето кои имаат проблем со коскениот систем почесто се жалат на болки во зимскиот период.

Група на научници го проучувала овој феномен така што ја анализирале здравствената состојба на овие пациенти во текот на целата година и ја потврдиле тезата дека пациентите почесто се јавуваат на лекар во текот на зимскиот период со наод на болки во колената.

Според истражувањата ова е поврзано со витаминот Д (де). Недостатокот на витамин Д ја отежнува правилната работа на коскениот систем, го зголемува ризикот од хронични воспаленија и ги влошува постоечките. Витаминот Д се произведува во телото со помош на сонцето и затоа неговата количина е намалена во текот на зимските периоди. Лошата вест е тоа што околу 40 % од светската популација нема адекватна количина на витамин Д во телото. Сепак, добрата вест е тоа што недостатокот на овој витамин може да се надомести со суплементи,но по направен преглед и во консултација со доктор.

Прегледи:
640
Објавено на:
17.02.2019