Категории

Зошто кожата на прстите се набира во вода?

Научниците со децении сметаат дека прстите на рацете и нозете во вода се набираат бидејќи надворешниот слој на кожата ја впива водата и се набира. Сепак, според новите истражувања тоа не е точно. Bright side пишува дека надворешниот слој е цврсто врзан со задниот и не може така лесно да се прошири.

Научниците сега сметаат дека собирањето на кожата има еволутивна позадина, односно дека кожата на прстите се собира бидејќи така полесно ќе се справат со мократа површина – движењето е полесно, а полесно е и да се фати риба.

Во 2013 година спроведени се неколку истражувања на таа тема. Едното барало од доброволците да фаќаат мокри и суви предмети во две различни ситуации, кога кожата е сува и кога кожата е собрана од водата. Со мокрите раце и собраната кожа многу полесно ги фаќале мокрите предмети и тоа за 12 проценти. Научниците карактеристиката ја споредиле со гумите на автомобилите.

Научниците заклучиле дека прстите во водата не се набираат, туку дека кожата се собира поради крвните садови кој во нив се стегаат, па го прават познатиот изглед на набрана кожа на прстите.

Прегледи:
1278
Категории:
Занимливости
Објавено на:
02.05.2016