Категории

Зошто мажите со брада им се попривлечни на жените

Машкоста на лицето кај жените може да влијае на изборот на партнер за потомство, обезбедувајќи увид во силата и здравјето на мажите. Со оглед на тоа дека трендовите се менуваат со брзо темпо, прашање на време е кога историјата ќе се повтори – брадата и мустаќите некогаш биле симболи на моќ.

Во средниот век постоело непишано правило според кое допирањето на брадата на друг маж се смета за голема навреда. Исто така, речиси и да нема крал кој не се пофалил со својата бујна брада. Во последно време многу млади и средовечни мажи трошат многу време и пари за негување на брадата, но прашање е дали тоа ги прави попривлечни за спротивниот пол?

Студијата на Теса Кларксон, докторка на Универзитетот во Квинсленд, и нејзиниот тим покажа дека жените сметаат дека мажите со брада се привлечни и доминантни, и социјално и физички.

Студијата е спроведена на повеќе од 900 Американки на возраст меѓу 18 и 70 години, кои оценувале фотографии од мажи со различни фази на влакна на лицето. Во студијата, жените прегледале 30 фотографии на кои се прикажани мажи фотографирани без брада, со полна брада и на фотографии обработени во Photoshop на кои изгледаат или повеќе женствено или мажествено.

Тие ги оценија мажите на фотографиите според воочената привлечност за краткотрајна и долгорочна врска.

Резултатите од истражувањето покажале дека колку мажите биле попривлечни, толку повеќе има влакна на нивните лица. Брадестите мажи со помажествен изглед се оценети како попривлечни, особено за долги врски. Истражувачите објаснуваат дека причината би можела да биде тоа што брадата укажува на маж кој е социјално доминантен и физички посилен, а влакната на лицето ги подобруваат машките карактеристики, а во исто време ги „маскираат“ помалку привлечните делови од лицето.

Што се однесува до перцепцијата на машкоста, авторите ја признаа позитивната врска помеѓу мажественоста на лицето и физичката сила, борбената способност и општественото прифаќање.

Експерименталното подобрување на мажественоста на лицето ја зголемува и перцепцијата за зрелост и доминација. Авторите забележуваат дека мажественоста на лицето кај жените може да влијае на изборот на партнер за потомство, обезбедувајќи увид во силата и здравјето на мажите. Понатаму, авторите на студијата цитираат претходни истражувања кои покажуваат дека самите мажи со брада се чувствуваат помажествено и имаат повеќе тестостерон во телото, што беше поврзано со повисоко ниво на социјална доминација.

Таквите мажи, наводно, имале и повеќе стереотипни ставови за мажественоста во хетеросексуалните врски отколку мажите кои биле чисто избричени. Сепак, не сите жени во студијата сакале влакнести лица. Причините поради кои некои мажи со брада биле помалку привлечни биле главно од хигиенска природа – се плашеле од вошки, болви и паразити во косата и кожата.

Студијата содржела и интересна психолошка компонента во однос на припишувањето на моралните вредности. Жените кои го покажаа она што истражувачите го нарекуваа „морална одвратност“ почесто ја претпочитаа брадата, што авторите ја припишуваат на перцепцијата дека брадата е симбол на политичкиот конзерватизам и традиционалните погледи на мажественоста во хетеросексуалните односи.

Авторите не откриле дека жените со „повисоки репродуктивни амбиции“ претпочитаат брада кога размислуваат за долгорочни врски. Иако, кога го вклучија моменталниот статус на жените во врска, и слободните и мажените жени кои сакаат деца сметаа дека брадата е попривлечна од жените кои не сакаат деца.

Прегледи:
671
Објавено на:
27.03.2022