Категории

Зошто на жените им се попривлечни замислени и нерасположени мажи повеќе од насмеани

Мажите и жените различно ја рангираат физичката привлечност. Теориите сугерираат дека жените повеќе ги привлекуваат мажи кои покажуваат гордост затоа што тоа подразбира статус и можност да ги обезбедат.

Според новото американско истражување кое се обиде да објасни зошто „лошите мажи“ се толку привлечни, жените сметаат дека насмеаните мажи се помалку привлечни од замислените. Во студијата, 1.000 возрасни ги рангираа презентираните фотографии според физичката привлечност. На фотографиите беа прикажани мажи и жени кои изразуваат различни емоции. Резултатите покажаа дека жените најмалку ги привлекуваат насмеани, среќни мажи и дека повеќе ги сакаат оние кои изгледаат горди и моќни или расположени и срамежливи. За разлика од нив, мажите повеќе ги привлекуваа жени кои изгледаа среќно, а најмалку оние кои изгледаа гордо и самоуверено.

Силата на привлечност се оформувала низ вековите. Еволуцијата и културните аспекти влијаеја на тоа. Теориите сугерираат дека жените повеќе ги привлекуваат мажи кои покажуваат гордост затоа што тоа подразбира статус и можност да бидат безбедени со нив. Исто така, некои социо-културни и психолошки родови норми можат да влијаат на привлечноста. Насмевката може да се поврзе со недостаток на доминација. Насмеаната жена се доживува како потчинета и ранлива. Интересно, срамежливоста беше привлечна за двата пола. Оваа емоција може да се поврзе со смирувачки однесувања кои поттикнуваат доверба во другите. Како што забележале истражувачите, мажите со карактеристики на макијавелизмот (експлоатација и манипулација со другите, како и фокусирање на нивните интереси) биле исто така попривлечни за жените.

Прегледи:
423
Објавено на:
28.04.2021