Студените стапала не се реткост ни летно време, а причина за тоа е – лошата циркулација.
Според новите истражувања е докажано дека ладните стапала можат да предизвикаат потенцијални здравствени проблеми и го зголемуваат ризикот од појава на грип.
Според зборовите на д-р Рон Еклес кој случајот со студени стапала го проучувал повеќе од 25 години, лошата циркулација може да предизвика разни болести, бидејќи луѓето во себе имаат вируси и бактерии, а ладните стапала ги активираат и на тој начин доаѓа до здравствени проблеми.
Кога стапалата ќе се оладат, вените во носот се стегаат, а тој процес предизвикува опаѓање на имунитетот…
„Кога ќе опадне температурата на телото, во студените зимски денови, многу е важно да се затоплуваат нозете, па затоа се препорачува да се обујат дури два пара чорапи ако во домот е доста ладно“ – Објаснува Еклес.
„Кога стапалата ќе се оладат, вените во носот се стегаат, а тој процес предизвикува опаѓање на имунитетот, бидејќи белите крвните зрнца се наоѓаат токму во крвта која слабо циркулира.“
Според студијата која ја спровел д-р Рон Еклес, слободно можете да уживате во сладоледот и во зимските денови, но треба особено да внимавате на затоплувањето на телото однадвор.
За да ја поттикнете циркулацијата, правете наизменично туширање со ладна и топла вода, а ова можете да го правите во било кој период од годината.