Категории

ЗОШТО НЕ МОЖЕТЕ ДА СЕ НАВЛАЖНИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА СЕКС?

Би требало да уживате во сексот, но не можете да се навлажните, па тоа ве фрустрира и вас, и вашиот партнер, кој смета дека не ве возбудува доволно? Која е причината и какво е решението?

Влажнењето е апсолутно неопходно за било каков вид на вагинална пенетрација. Ткивата на вашиот вагинален канал се доста чувствителни, па е потребна влажност за полесно движење. За жал, нашите тела не секогаш произведуваат доволно течност потребна за пенетрација, па тоа може да доведе до непријатност и болка. Во игра се голем број на различни фактори, па погледнете ги петте можни објаснувања за зошто не се влажните, како и што да направите во секоја ситуација за да го решите проблемот.

Ви треба подолга предигра

Влажнењето не е моментално случување. На вашето тело му се потребни неколку минути за да создаде течност и таа да се излачи преку ѕидовите на вашата вагина.

Многу луѓе имаат различни стереотипи за предиграта, а најчест е оној дека жените се фригидни и им треба премногу време за да се возбудат. Но, предиграта треба да се сфати како уживање, а не како обврска. Нашите тела уживаат во чувството на исчекување, стимулација и загревање. Ако сакате побрзо да имате секс, помислете на ова и забавете.

Што да направите во врска со ова: Во моментот, речете си „Заслужувам да чувствувам задоволство“ или „Уживам во ова, не треба да се брзам“. Направете листа со вашите омилени видови на предигра и споделете ја со вашиот партнер. Ако сте загрижени за неговата реакција, охрабрете го со коментари како „Обожавам како правиш да се чувствувам кога [вашиот омилен вид на предигра]. Не запирај додека не те молам да имаш секс со мене“. Ако партнерот одбие да се фокусира на предиграта повеќе, тогаш тој не ни заслужува да има секс со вас.

1 2

Прегледи:
746
Објавено на:
19.03.2016