Вашето тело не лачи доволно течност
Некои жени едноставно не произведуваат доволно природен лубрикант. Без разлика колку се возбудени или колку многу сакаат да имаат секс, нивното ниво на влажност е прилично ниско. Ова може да биде предизвикано од хормонални промени, некои лекови, стареење, или може да се случи без причина. Знајте дека не сте „помалку“ жена ако вашето тело не може доволно да се навлажни, исто како што и не сте помалку жена ако лачите помалку плунка или солзи.
Што да направите во врска со ова: Секогаш користете лубрикант. Дури и ако вашето тело лачи доволно течност, лубрикантот ги прави работите многу повозбудливи. Тој исто така трае подолго од природната влажност, што дополнително ги намалува шансите да ви биде непријатно. Не треба да ви биде срам ако користите лубрикант со партнерот, но можете да го вметнете во разговорот кажувајќи нешто како „Слушнав дека ова може да го направи сексот уште подобар.“
Имате сексуална дисфункција
Оваа состојба е посложена. Нормално е да почувствувате болка ако не сте навлажнети; сувото триење е непријатно за чувствителното вагинално ткиво. Но, ако болката е поголема, пенетрацијата е екстремно тешка или невозможна, мускулите несвесно ви се стегаат, или ако чувствувате болка дури и кога користите лубрикант, можно е да имате сексуална дисфункција, како вагинизмус или вулводинија.
Што да направите во врска со ова: Ако се сомневате дека ова е случајот, посетете го вашиот гинеколог.
Постои несовпаѓање помеѓу вашето тело и вашиот ум
Накратко, ова значи дека желбата на нашиот ум и начинот на кој нашето тело реагира често не се совпаѓаат. Ви се случило да видите дечко со ерекција на некое јавно место? Или некој кој не може да добие ерекција, иако изгледа возбуден и спремен за секс? Ова е случајот и кај жените. Честопати, телото и умот имаат различни планови.
Што да направите во врска со ова: Ако вашиот ум е возбуден и спремен за секс, но вашето тело не соработува – користете лубрикант. Ова е многу честа реакција кај жените, па не треба да бидете збунети или засрамени.
Не сакате да имате секс со таа личност
Дали можеби се чувствувате непријатно со вашиот партнер? Можеби вашиот ум не рекол „не“, но телото нема да ве изневери. Понекогаш, нашите тела поинаку ги перцепираат луѓето и ситуациите. Можеби вашиот партнер потсвесно ве потсетува на некој од минатото, или ви пренесува некоја чудна енергија. Можно е вашето тело да се затвора затоа што не сака да биде интимно со таа личност.
Што да направите во врска со ова: Телата понекогаш се фрустрирачки и збунувачки, но важно е да се обрне внимание на нашите основни телесни реакции. Ако ви е тешко да го сфатите ова, потсетете се на вашите претходни партнери. Ако сте ја имале истата реакција со сите нив, причината е веројатно друга. Но ако реагирате различно на различни партнери, причината можеби е подлабока. Можеби ви треба повеќе време за да се навикнете еден на друг, а можеби не си одговарате сексуално. Одложете ги работите за месец или два, и следете ги реакциите на вашето тело откако ќе се запознаете подобро.
1 2