Категории

Зошто не треба да го кренете телефонот ако ви падне во авион

Доколку ви падне телефонот во авион може да дојде до голема катастрофа во текот на летот.

Органите на австралиските Управа за цивилна воздухопловна безбедност наведуваат дека телефонот кој ќе падне под или над седиштата најверојатно ќе биде уништен во текот на поместувањето на седиштата, што ќе ја оштети неговата батерија. Батеријата на тој начин може да се прегрее и да се запали.

Вакви работи често се случуваат за време на летовите, а неодамна ова се случи на лет од Сиднеј до Лос Анџелес.

На патник мобилниот му паднал меѓу две седишта и се скршил кога се обидел да го помести седиштето за да го дофати. Батеријата во телефонот се запалила предизвикувајќи мал пожар кој персоналот на авинот на време го изгаснал.

Во извештајот се наведува дека бројот на ваквите случаи расте. Исто така, авиокомпаниите апелираат до патниците да не ги поместуваат седиштата доколку им паднат телефоните и секогаш да се обратат до персоналот за помош.

– Ако телефонот е оштетен, екипажот мора веднаш да биде информиран, се вели во извештајот.

Прегледи:
374
Објавено на:
14.12.2016