Категории

Зошто некои луѓе се отпорни на коронавирус?

Резултатите од новата студија на Универзитетот во Сао Паоло, Бразил откриле дека некои луѓе се природно отпорни на овој вирус.

Студијата која oпфаќа парови од кои двајцата биле изложени на коронавирус, но само еден од нив се заразил, помага во расветлувањето на објаснувањето зошто некои луѓе се природно отпорни на овој вирус. Важно е да се напомене дека овие случаи се многу ретки, а во рамките на ова истражување се земени примероци од крв на 86 парови поради детални анализи.

Резултатите укажуваат на тоа дека резистентните партнери честопати имаат гени кои допринесуваат за поефикасната активација на т.н клетки природни убијци (НК), кои се дел од првата реакција на имунолошкиот систем на бактерии.

Кога ќе се активираат правилно, можат да ги препознаат и уништат заразените клетки, спречувајќи го развојот на болеста, објаснуваат научниците.

„Нашата хипотеза е дека геномските варијанти кои најчесто се наоѓаат кај сопружникот подложен на инфекција доведуваат произведување на молекули кои инхибираат активација на овие клетки“, вели авторката на стидиите Мајана Зац од Универзитетот во Сао Паоло во Бразил.

Но, со оваа студија не може да се докаже дека тоа се случува. Дури и ако се потврди тој заклучок, треба да се истражи и допринесот односно влијанието на други имуни меганизми, велат научниците.

Прегледи:
390
Објавено на:
01.10.2021