Категории

Зошто остануваме во лоши врски?

Дали е љубов или само навика? Ова прашање сигурно го поставиле многу мажи кои се нашле во лоша врска од која не знаеле како да излезат. Едно е сигурно – љубовта не боли и врската која не прави несреќни едноставно мора да биде прекината, но често се случува да останеме во неа. Кои се причините за таа одлука?

Немате доволно самодоверба

Нашите очекувања за квалитетот на љубовниот однос се поврзани со начинот на кој се доживуваме себеси. Личностите со ниска самодоверба кои веруваат дека вредат помалку од партнерот имаат и помали очекувања како и ниско поставени љубовни стандарди. Поради тоа се задоволуваат со врска која реално воопшто не е задоволувачка.

Се плашите од осаменост, но и од нова врска

Колку подолгго сте во врска, толку потешко е да ја прекинете. Стручњаците велат дека стравот од осаменоста е еден од најчестите причини за останувањето во несреќна врска. Се навикнуваме на присуството на друга личност во нашиот живот и токму таа навика е пречката која го оневозможува прекинот. Луѓето ги плаши и помислата на почеток на нова врска бидејќи знаат дека тешко се стекнува доверба во потенцијалниот нов партнер поради претходното лошо искуство.

Не сфаќаме дека некој емотивно манипулира со нас

Во моментот кога сфаќате дека сакате да излезете од врската, токсичните луѓе ќе ја употребат манипулацијата за да ве присилат да останете. Најчестите методи за манипулација се всадувањето на чувство на пониска вредност и понижувањето. Во еден момент едноставно почнувате да верувате на манипулациите, да мислите дека не заслужувате подобро и дека мора да бидете среќни што сегашниот партнер ве сака.