Категории

ЗОШТО СЕ ОДИ НА МЕДЕН МЕСЕЦ?

Секој пар со нетрпение чека да дојде денот кога ќе замине на меден месец, бидејќи за ова патување често пати штотуку венчаните имаат доволно парични средства да заминат на некое место со преубави плажи или слични подалечни дестинации.

Но, дали знаевте од кога и од каде потекнува оваа традиција и зошто всушност младенците заминуваат на меден месец?

Оваа традиција потекнува некаде од 19. век, кога во Британија штотуку венчаните заминувале на пат, но од друга причина. Во тоа време, традиција било младиот брачен пар да замине на пат и да ги посети членовите од фамилијата коишто не можеле да дојдат на денот на свадбата. Дури во доцните 1800-ти, медениот месец започнал да наликува на тоа што е денес.

Постојат повеќе теории од каде потекнува поимот меден месец. За првпат овој поим се појавува во 5. век. Во тоа време откако ќе поминат сите фази на месечината од денот на свадбата, брачниот пар мора да се напие медовина, алкохолен пијалак со мед. Медовината била подарок од гостите и се верувала дека била афродизијак кој помага во зачнувањето. Според друга теорија, овој поим потекнува од нордискиот збор hjunottsmanathr. Овој збор се однесувал на младоженецот кој всушност ја киднапира својата невеста и ја крие се додека нејзиното семејство не престане да ја бара.

Но, сепак денешниот меден месец е сосема различен и претставува едно убаво патување како почеток на еден убав и среќен брак. Брачниот пар за брзо време по свадбата заминува на патување на посакуваната дестинација и ужива во својата љубов и заеднички живот.

Прегледи:
415
Ознаки:
· ·
Објавено на:
25.01.2017