Категории

Зошто се плашиме од промените во животот?

Промените се составен дел од нашиот живот. Занемарувањето на овој факт е како да го негираме постоењето на животот. Нашиот развој, во суштина, ја носи постојаната потреба за промени и прилагодувања, на нови ситуации, околности и луѓе. Оваа адаптација отсекогаш била предизвикана од нашите лични, внатрешни промени кои потоа се рефлектираат во светот околу нас.

Луѓето можат да реагираат различно на промените, а некои од најчестите реакции можат да се поделат во две категории на луѓе – оние кои храбро ги прифаќаат промените и оние кои се ужаснати од промените. Она што е уште поважно е длабоката потсвесна реакција која се случува кога размислуваме за промена, како и за време на самата промена.

Секоја промена претставува излегување од комфортната зона, колку е поголема промената, толку е поголемото распаѓањето на комфортната зона. Комфортната зона е силна енергетска позиција во која се обидуваме да ја задоволиме удобноста и безбедноста, но во исто време го спречува нашиот развој и напредок во животот. Поради таа причина се неопходни промените.

Промената со себе носи и возбуда за она што нè чека, што ќе ни донесе животот – какви нови луѓе ќе запознаеме, какви нови искуства и ситуации нè очекуваат. Оваа возбуда на почетокот е мала и едвај забележлива поради стравот од непознатото. На прв поглед, губење на работа, развод, преселување или некоја друга поголема промена делува едноставно, но секој што го имал ова искуство знае дека донесувањето големи одлуки никогаш не е лесно. Поради тоа не ги ни сакаме промените. Во тие моменти сите работи, како и енергијата што сме ја вложиле, ни се враќаат.

Со тој процес, кој е често и многу турбулентно искуство, на површината излегуваат мноштво разни емоции, верувања, скриени одлуки и слабости за кои знаевме дека постоеле, но и оние за кои не знаевме дека постоеле. И сите овие сегменти се столбот врз кој ја имаме изградено сликата за себе и која го претставуваше одговорот на прашањето “Кој сум јас”? Со донесување на одлуката за промена, ние всушност ја кршиме сликата која ја имаме за себе и тогаш започнува процесот на трансформацијата. Кршењето на таа слика е главната причина за стравот од непознатото, бидејќи го крши нашиот животен стил и основата на она што сме.

Стравот од непознатото е невидливиот непријател на промените и многу луѓе се подложуваат на неговото влијание. Колку е потешко да се донесе одлука за промена, толку е идентификацијата со тој сегмент од животот посилна. Но она со што се идентификуваме не е работа, ниту личноста со која сме во врска, туку слоевите на нашиот ум, егото кое ни го создава имиџот. Работата и односите се само поттик за нашите длабоки, потсвесни идентификации. Умот ќе стори сé што е во негова моќ за да не задржи во комфортната зоната и да ни даде милион причини и прашања зошто е добро да останеме во таа безбедна зона. Тие причини и прашања ќе делуваат реално од едноставна причина: нашиот ум верува во нив.

Тешките ситуации кои ги доживуваме не постојат за да не измачуваат, туку да нè доближат до себе. Животот секогаш ќе нè доведе во ситуации кога ќе треба избереме помеѓу животот и идентификацијата на умот, а тоа бирање ќе престане само кога ќе бидеме целосно усогласени со себе и со животот. Тогаш ќе знаеме дека промената во живот никогаш не може да биде погрешна одлука. Сè друго се приказните на умот.